1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"СПД – Социјална Германија”

Бернд Греслер27 октомври 2007

Во Хамбург се одржува Конгрес на германските соицјалдемократи. Тие сакаат на следните избори да влезат со јасен профил во борбата против партиите на Унијата. Тоа се препозна веќе на почетокот на средбата.

https://p.dw.com/p/Bx7s
Бек повторно ја доби довербата на сопартијцитеФотографија: AP

Во двочасовниот говор реизбраниот лидер на германските Социјалдемократи, Курт Бек пред околу 550 делегати на Конгресот зборуваше одлучно и борбено. Тоа особено се чуствуваше кога стана збор за сегашниот коалиционен партнер. Унијата се служи со социјалдемократска дикција, рече Бек, но тоа не е нивното вистинско лице. Радикализацијата на пазарот за труд за која на последните избори се залагаше и канцеларката Ангела Меркел беше и остана основа на политиката на Унијата. СПД мора да се бори против тоа рече Бек.

”Мора да остане наша задача да се грижиме за економскиот успех, еколошката одговорност и социјалната праведност – тоа се основни фактори во Германија и тоа мора и да останат”.

Загрозена Шредеровата Агенда 2010?

На партискиот конгрес кој се одржува под мотото “СПД – социјална Германија” на гласање е ставена програма од 9 точки.

Меѓу нив е на пример и барањето, парите за постарите невработени луѓе да се зголемат на 24 месеци, за што се залагаше Бек во спорот со министерот за финансии Минтерферинг. Критичарите велат дека со ваквото барање се доведува во прашање Шредеровата Агенда 2010 со која се зголеми притисокот врз невработените побрзо да почнат да работат. И поранешниот канцелар Шредер предупреди да не се отстапува многу од Агендата иако се можни одредени корекции.

“Демографијата и глобализацијата бараа и бараат нови инструменти. Агендата 2010 е еден таков инструмент, а не цел, па поради тоа е и променлива”.

Поранешниот партиски шеф и Канцелар доби повеќеминутни овации. Инаку на тридневниот Конгрес кој завршува утре треба да бидат донесени и повеќе одлуки кои ќе се однесуваат на работата на владината коалиција.