1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД на погрешен пат со предлогот за елитни универзитети

7 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AdLc
Веќе подолго време германските универзитети имаат значителни проблеми.Празните каси предизвикуваат лоши услови за студирање,за врвни истражувања може да стане збор само по исклучок.Социјалдемократите сега бараат основање елитни универзитети.Погрешен пат,смета Корнелија Рабиц во својот коментар.

Кој можеше и да го помисли тоа:централната политичка порака на Социјалдемократите на почетокот на годинава е-барање за елити.Партиското водство се откажува од традиционалниот и идентификационен поим -еднакви шанси.Тој се фрла на ѓубриштето на историјата,а на негово место доаѓаат шик,модерни зборови,кои служат на еден тренд и- празни по содржина. Канцеларот ги покани економијата и науката да се подготват за иновативна офанзива. Во време кога низ целата земја студентите демонстрираат поради мизерните услови за студирање,кога парите никао не стигнуваат за школите,библиотеките се испустени,владее недостаток од професори,амфитеатрите ќе испукаат од премногу студенти во нив,токму во ова време на очајни до небото повици за состојбата во образованието социјалдемократскиот врв бара врвни универзитети за повластен круг.За тоа се потребни стотици милиони евра годишно,пресметаа експертите. Кај сите останува неразјаснето-што е всушност елитен универзитет?Кој би избирал професори и студенти и според кој критериум?Кој ќе ги финасира овие високошколки установи?Можеби сојузните покраини,задолжени за политиката на образованието и ноторно со празни каси?Сојузната држава,која штотуку ги скрати буџетите за истражувања и образование?Или тоа ќе биде побарано од стопанството според неговите интереси?

Нормалните студии во Германија напротив станаа некој вид масовни приредби ,но никој против тоа не може помалку отколку самите студенти и професори.Тоа е политиката која култивираше просечност и со години пропушташе реформи.Да и се застане сега на пат на катастрофата со скап престижен проект е погрешен пат.Тоа е образовен акционизам и чиста симболична политика,која со итната,суштинска реформа која би го опфатила целиот образовен систем нема ништо.Во изборната кампања Герхард Шредер го формулираше своето кредо-образованието не треба да зависи од паричникот на родителите.Во владеачките неолиберални времиња за тоа воопшто не станува збор. Очигледно сега како пример се земаат целосно американските универзитети,на кои добростоечките фамилии ги покриваат студиските трошоци и кои живеат пред се од фондациите и големите парични прилози на стопанството,значи под сосема различни рамковни услови.Притоа се заборава дека главнината од ваквите високи школи не ги исполнуваат меѓународните стандарди,напротив образованието на премалкуфинансираните државни универзитети и колеџи во САД е лошо.

Предлозите на врвот на СПД од оваа причина се уште една навреда за основите на партијата,која минатата година мораше да проголта многу горчливи социјалнополитички апчиња и која не се покажа подготвен ада го следи Шредер и раководството на СПД на нивниот курс кон образовнополитичко чудо.Партијата останува целосно резигнирана.