СПД меѓу Агендата 2010 и конкуренцијата од левицата
5 јули 2005Анкетите се недвосмислени – СПД на евентуалните избори во септември ќе доживее јасен пораз и ќе биде потисната на опозиционите клупи. Таква е актуелната појдовна позиција, која се разбира не е настаната од денеска до утре. Со Агендата 2010 германскиот канцелар, Герхард Шредер, пред две години најави дека преструктуирањето на социјалните системи ќе содржат и болни резови во социјалната мрежа. Тоа СПД ја чинеше гласови и и донесе тешки порази на покраинските избори.
Тоа што канцеларот и лидерот на СПД, Франц Минтеферинг, во оваа ситуација сакаат нови избори – може да се нарече утешително храбро, зашто СПД е приклештена. На една страна се ЦДУ/ЦСУ и ФДП. Партиите на унијата мајсторски успеаја да им се презентираат на избирачите како спасители на социјалната држава, а истовремено да бараат делумно и потешки чекори отколку што тоа го прави црвено-зелената влада. А, од друга страна притиска левицата. Тука е изборниот сојуз од ПДС и “Изборната алтернатива работа и социјална праведност“. Тој, со матадорот на ПДС, Грегор Гизи и поранешниот лидер на СПД, Оскар Лафонтен, располага со имиња, кои можат да засенат и предизборен борец од формат на Герхард Шредер. Освен тоа, партијата на левицата нема особено колку да си го отежнува настапот пред избори – простото отфрлање на реформите во социјалата и пазарот на работна сила е полн погодок и влијае врз избирачите. А, се тоа со оправдувањето за социјална праведност. Актуелните истражувања на јавното мислење ја гледаат партијата на левицата во Бундестагот.
Во вакви услови СПД го формулираше својот изборен манифест. Партијата ќе се држи до Агендата 2010, но тука има и елементи кои ја олеснуваат согласноста и на левото крило во СПД. Дополнителен данок за богатите, барање за минимална плата и воведување граѓанско осигурување. Дел од тоа е симболична политика, но и таа има свое оправдување. СПД, која отсекогаш барала социјална праведност, по доаѓањето на власт во 1998 година веќе речиси и не дискутираше дали поимот социјална праведност мора да се дефинира одново, дали претставите за тоа со оглед на масовната невработеност и изменетите рамковни услови во светската економија сеуште се одржливи. Овие пропусти и се удрија од глава на партијата во изминатите години. Таа одвај дека беше подготвена за тоа Шредер го презентираше во неговата Агенда 2010. А, токму партија која сака да дебатира, имаше потреба од ваков судир на мислења.
Сега СПД веројатно ќе влезе во изборна борба со умерени шанси. Ако ги загуби изборите, внатрешно ќе се случи определена ориентација кон лево, доколку наспроти поинаквите очекувања, победи, курсот на Шредер ќе стане нова верба на СПД, која натаму ќе се менува. А, во таков случај, веројатни се нови тешки проби на издржливост.