1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД- критики врз Келер

9 јуни 2005

По критиките на водечи политичари на социјалдемократската партија на Германија врз сојузниот претседател Хорст келер, шефот на партијата Франц Минтефернг се обиде да ги ублажи штетите. Нападите врз Келер не се во ред, изјави Минтеферинг во телевизиско интервју.

https://p.dw.com/p/Acoz

Имено, тројца заменици претседатели на фракцијата на оваа партија, Михаел Милер, Лудвиг Штиглер и Гернот Ерлер, му префрлија на претседателот Келер индискретност и едностраност во полза на демохристијанската партија. Германскиот канцелар Герхард Шредер преку владиниот портпарол Бела Анда нападите врз претседателот веќе ги одби како неподносливи:

„Сојузниот канцелар работи добро и со доверба со сојузниот претседател. Канцеларот има висок респект за личноста на претседателот. Она што го чувме е сосема неприфатлив напад врз сојузниот претседател„.

Во синоќешното интервју за вториот германски телевизиски канал, претседателот на партијата Минтеферинг изјави:

„Мислам дека нападите што дојдоа од некои од нас не се во ред и очекувам тоа да престане„.

Минтеферинг призна дека социјалдемократите се надвор од нормалната рутина, но потврди:

„Герхард Шредер е канцелар и останува и за тоа ќе се бориме на парламентарните избори„.