1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД: Како натаму со партијата на левите?

4 март 2008

Превирањата во социјалдемократската партија на Германија денеска се тема и на коментарите во германските весници. Пренесуваме неколку цитати:

https://p.dw.com/p/DHqb
Претседателот на СПД Курт Бек се уште грипозенФотографија: picture-alliance/ dpa

Како да се однесува СПД со партијата на левицата? За ова во весникот „Франкфуртер рундшау“ може да се прочита:

„СПД страда од тоа што не го расчистува својот однос кон левата партија, туку го крева на ниво на раководењето. Сериозна дебата за перспективите со левицата би била важна и исплатлива работа со поглед кон иднината. Шефот на партијата Курт Бек тоа навреме го забележа, и зато се најде под жестока критика што е кусогледа постапка„.

Бонскиот весник „Генерал анцајгер„ на истата тема:

„Ниту еден партиски заклучок не може да смени нешто во големата загуба на доверба што ја претрпе шефот на партијата Курт Бек. Колку успешен кандидат за канцелар може да биде под вакви околности? Во постојаното тврдење дека на сојузно ниво е исклучена црвено-црвена коалиција веќе нема да верува никој. Веројатна последица: СПД на изборите во 2009 година ќе загуби избирачи од центарот, и тоа можеби толку многу што ќе успее комбинацијата меѓу демохристијаните и либералите. А на левата страна во никој случај нема да добие„.

„Зиддојче цајтунг„ пишува за можноста министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер да биде алтернатива за Курт Бек:

„Штајнмајер во моментов е проекција за многу различни очекувања и барања. Оваа улога во целост му прилега, зашто му успева кон секое партиско крило да предизвика впечаток дека не му припаѓа на она другото. Курт Бек се обиде да го направи истото, но со неговото невешто свртување кон левите падна на нос. Во иднина во СПД ќе биде многу бара интегративната способност на претседателот„.