1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД евро-пратениците за пауза во проширувањето на ЕУ

10 март 2006

Големиот бран проширување на Европската унија се случи во 2004 година: во еден потег во неа влегоа десет нови членки. Романија и Бугарија допрва треба да влезат, а во цела југоисточна Европа можното членство е предизвик за спроведување рефроми во тие земји. Сега германските социјалдемократи во Европскиот парламент кои досега го поддржуваа овој курс на проширување, го менуваат курсот. Според нив, следното пр

https://p.dw.com/p/AcTa

�ширување треба да се случи под одредени услови:

Проширувањето на Унијата се одвива премногу забрзано, вели Клаус Хенч, социјалдемократски евро-пратеник со големо искуство. Стартегијата итно мора да се промени, зашто по две-три години Унијата ќе се најде на кртсопат. Затоа мора да се размисли:

„Дали ќе биде се поголема или ќе остане компактна и способна за дејствување со минимум внатрешна стабилност и солидарност„.

Германските социјалдемократи во Европскиот паралмент едногласно усвоија документ во кој предлагаат промена на курсот во политиката на проширувањето. Текстот го подготвија Хенч и неговиот колега Хелмут Куне. Во него тврдат дека проширувањето не може да се одвива поради геостратегиски причини. Оттаму поддршката и засилувањето на Унијата како политички тим мора да биде главната задача.. Способноста за прием и дејствување се поважни од прашањето дали оваа или онаа земја припаѓаат кон Унијата, дополнува Куне. Тоа важи и за балканските држави. Освен тоа, социјалдемократите не се согласуваат со начинот на кој се водат преговорите со кандидатите за членство. Калус Хенч вели:

„Стратегијата на Европската комисија е премногу мека и отворена за се. Сега се обидуваме да покажеме дека Европската унија не може неограничено да се шири„.

Критериумите за членство мораат стопроцентно да бидат исполнети, а не само до извесен степен како што стана вообичаено. Зашто омекнувањето на критериумите започна со последниот голем прием, а во случаите на Романија и Бугарија тоа беше уште поголемо. Оттаму, во делот од документот за Турција се вели:„Ако до крајот на оваа година не го исполни царинскиот договор со Унијата и не им дозволи пристап на кипарските бродови и авиони во земјата, тогаш СПД во парламентот ќе гласа за запирање на преговорите со Анакара„. Хенч дополнува:

„Нам ни треба подолга фаза за консолидација кога се зборува за проширувањето„.

А, колку би траела таа фаза?

„Според мене – дваесет години„.