1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со зрачење до отстранување рак на простата?!

5 април 2011

Голем напредок во лекувањето на заболените од рак на простата. Благодарение на модерните апарати денес може прецизно да се ограничи зрачењето во ткивото на човечкото тело. На тој начин може да се избегне операцијата.

https://p.dw.com/p/10ndz
Фотографија: DW

Терапијата со зрачење кај пациентите заболени од рак на простата, според мислењето на експертите, денес е исто толку успешна колку и оперативното отстранување на главната жлезда, изјави радиологот проф. Михаел Молс во Минхен. И двете методи имаат свои предности и несакани дејства, но опасноста пациентот да ја загуби способноста за ерекција и кај двете методи останува иста.

При операција на простата постои ризик пациентот да не може да го контролира мокрењето. По операција на простата помалку од два проценти од пациентите не можат да го контролираат мокрењето, а кај пет проценти се јавуваат само мали форми на т.н. инконтиненција. Кај терапијата со зрачењето не постои никаков ризик за вакви последици. Терапијата со зрачење трае осум недели и се врши амбулантно.