Со „Берлинската декларација“ сојузниците ја преземаа власта во поразената Германија
24 јуни 2005преземаат власта, вклучително сите овластувања на германската влада, на Вермахтот и на управата во покраините, градовите и општините. Таа изјава влезе во историјата како „Берлинска декларација“.
„Берлин практично престана да постои. Британското и руското воено воздухопловство и руската армија го збришаа градот. Навистина, збришани беа исто така и други германски и градови на нивните сојузници. Но ова е Берлин, голем, повеќемилионски град, главен град на нација од 80 милиони. Според размерите тоа е толку страшно, страшно во вистинска смисла на зборот, толку страшно импресивно и депримирачко“.
Ова се впечатоците од победениот Берлин на репортерот на ББЦ Томас Кадет. Со оглед на состојбата во Германија, во „Берлинската декларација“ се констатира: „Во Германија нема централна влада или власти кои би биле способни да ја преземат одговорноста за одржувањето на редот, управата на земјата и за реализацијата на барањата на победничките сили“. Во Декларацијата на Германците им се објавува дека земјата од тој момент е подредена на воена команда. Сојузничките трупи го диктираат тонот во четирите окупациони зони. А тој во почетокот е непријателски, како во оваа директива на американскиот командант, генерал Двајт Ајзенхауер: „Германија не е окупирана со цел за нејзино ослободување, туку како победена непријателска држава“. Во практиката, за секојдневието на војниците од окупационите сили прво важеше:
„Секој Германец е потенцијален извор на проблеми. Поради тоа не смее да има братимење со кого било од Германците. Братимењето значи воспоставување пријателства. Германците не се наши пријатели“.
На војниците дури им е забрането да разговараат со Германците, да се ракуваат со нив или да ги посетуваат: „Нема да се здружувате со германски мажи, жени или деца“.
Од друга страна, на Американците им беше потребна помош од Германците во нивната окупациона зона. Затоа американската воена управа во Баварија веќе на почетокот на јуни востанови германска самоуправа, раководена од Фриц Шефер како претседател на првата баварска покраинска влада. „Сега новата баварска покраинска влада започнува со работа под врховна власт на воената управа. Ние сакаме да преземеме обврска и задача нашата земја да ја извлечеме од руините на животот и да ја освоиме онаа мера на среќа, без која животот не би бил вреден да се живее. Во Германија никогаш веќе не треба да има централистичка диктатура“ – зборуваше Фриц Шефер. На членовите на покраинската влада им беа наложени строги мерила: „Членовите на покраинската влада не се претставници на ниедна партија од поранешното време. Тие пред 1933-та година припаѓаа кон најразлични партии или воопшто не настапија партиско-политички“.
Британците и Французите се воздржани кога станува збор за тоа Германците да се вклучат во управувањето со нивните окупациони зони. Русите во меѓувреме целно ги поддржуваа источногерманските комунисти. Тие од бегалството во Москва со себе го донесоа и повикот за формирање партија. Состојбата во областите окупирани од Советите ја опиша дописник на британскиот весник „Тајмс“ при патувањето по истокот на Германија: „Германците очигледно сметаат дека е соодветно на сите можни и неможни места да истакнат црвени знамиња со поздрави на Црвената армија. Сепак, таквите поздравни демонстрации повеќе ја зголемуваат препознатливата атмосфера на страв, отколку што ја олеснуваат. На секои неколку стотици метри наидуваме на големи плакати со зборови на Сталин. Поголемиот дел од уличните плакати се составени на руски јазик“.
Многу бргу беше поарчено заедничкото на сојузниците. Тоа се покажа сосем јасно при преземањето на управувањето со Германија. Насетувањето дека советската окупациона зона, како и речиси цела централна Европа се одвојува, како еден од првите го искажа со зборови тогашниот британски премиер Винстон Черчил. На 12-ти мај 1945-та година тој му испрати телеграма на американскиот претседател Хари Труман: „Долж нивниот фронт се спушта железна завеса. Ние не знаеме што се случува зад неа“ – пишуваше Черчил.