Фудбал
Смртни закани поради протест против Марадона
2 декември 2020
Реклама
Паула Дапена тогаш истакна оти не сака да учествува во оддавањето почит на аргентинскиот фудбалер, поради обвинувањата за семејно насилство со кои се соочуваше Марадона.
Ситуацијата меѓу Марадона и неговата партнерка се забележани на видео снимка пред неколку години, но Аргентинецот не беше обвинет за семејно насилство.
На Дапена и' беа упатени пораки на поддршка на социјалните мрежи, но и пораки со кои и' се заканува со насилство.
Повеќе:
-Лекарот на Диего Марадона тврди дека е невин
-11 деца на Марадона во битка за неговите милиони
Таа за шпанските медиуми изјави дека планира да ги пријави заканите на властите.
Марадона почина на 25 ноември од срцев удар, откако се опоравуваше од операција на мозокот.