1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Случајот Едати прераснува во политички крими-трилер

АТ/ дпа/ афп/ ртр14 февруари 2014

Германскиот министер за земјоделство, Ханс- Петер Фридрих засега останува на функцијата. Тој се најде под притисок на јавноста поради аферата на поранешниот социјалдемократски пратеник и политичар Себастијан Едати.

https://p.dw.com/p/1B8YD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за земјоделство Ханс-Петер Фридрих се изјасни дека би се повлекол од функцијата во зависност од резултатите од истрагата на државното обвинителство во аферата со поранешниот пратеник од редовите на социјалдемократите Себатијан Едати (на насловната фотографија). „Јас бев убеден, дека политички и правно постапив правилно“, изјави Фридрих во Берлин. „Доколку државното обвинителство дојде до други резултати и отвори истражна постапка, ќе ја ставам на располагање мојата функција“, изјави политичарот од Христијанско-социјалната унија.

Министерот Фридрих во октомви 2013 година како министер за внатрешни работи дознал, дека името на тогашниот пратеник на СПД Себастијан Едати се појавило во рамките на меѓународна истрага. Оваа информација не смеел да ја споделува, смета опозицијата и бара оставка на министерот.

Портпаролот на владата Штефен Зајберт појасни дека канцеларката Ангела Меркел претпладнево имала „интензивен разговор“ на телефон со Фридрих. Министерот од своја страна нагласил дека во тој период за случувањата не информирал ниту еден член на тогашната влада, туку исклучиво претседателот на СПД Зигмар Габриел. Изјавата на Фирдрих меѓутоа покажува „дека министерот е свесен за димензијата за фактичката состојба“, вели Зајберт.

Bundeslandwirtschaftsminister Hans-Peter Friedrich
Поранешниот министер за внтерешни рабтои и актуелен министер за земјоделство Ханс Петер ФридрихФотографија: JOHN MACDOUGALL/AFP/Getty Images

Државното обвинителство ја потврди истрагата

Во случајот со политичарот од СПД Себастијан Едати државното обвинителство во Хановер за првпат потврди дека води истрага против поранешниот претеник на Бундестагот Едати поради сомневање за поседување на детска порнографија. Раководителот на обвинителството, Јерг Фрелих во Хановер рече дека Едати, според сознанијата на неговата институција меѓу октомври 2005 година и јуни 2010 гонина девет пати во онлјан-шоп на едно канадско претпријатие нарачал вкупно 31 филмови и фотосетови од необлечени момчиња меѓу девет и 14 години. Притоа станувало збор за материјал на граница на казниво дело.

Првите седум нарачки на Едати му биле испратени по пошта, последните две за даунлодирање, кои поминале преку сервер на Бундестагот. Фрелих наведе дека исплатата можело да се поврзе со сметки на Едати.

Обвинителството во Хановер донело одлука да отвори истрага, бидејќи како и голем број други германски државни обвинителства поаѓа од гледиштето, дека оној кој нарачува порнографски материјал, кој е на границата на детска порнографија, постапува конспиративно и тоа го прави кај фирма во странство, би можел да поседува и материјал кој во Германија подлежи на казна.

Надлежните се сомневаат дека Едати дознал предвреме за сомнежот за детска порнографија. Исто така не можело да се исклучи можноста дека бил уништен доказен материјал или биле отстранети компјутери. Фрелих изрази шокираност, од неговата институција или кај полицијата да протекле информации за тоа. При претресот биле конфискувани два компјутери, на кои најверојтно не бил пронајден забранет материјал. Анализата меѓутоа сѐ уште трае, изјави Фрелих.