Скептични гласови во Ватикан спроти посетата на Папата на Турција
27 ноември 2006Затоа безбедносни експерти од сите видови ќе го следат Папата на секој апостојка од патувањето. На Турција и‘ e очигледно многу важно да се покаже пред светската јавност како отворена и модерна држава, па затоа не штеди пари, време и енергија да обезбеди мирно и мазно одвивање на посетата. И покрај тоа во Светата столица има многу гласови кои се за откажување или барем одложување на посетата.
Ова е до сега најтешкото патување во странство на Папата Бенедикт 16-ти. Спроти претходните турнеи немаше дискусии во Ватикан околу тоа дали Поглаварот на Католичката црква мора да користи блиндирани возила, па дури и заштитен елек. Поради бесбедносните дилеми, но и поради можните политички реперкусии, не се сите во Куријата согласни со заминувањето на Папата во Турција. Особено по протестите во муслиманскиот свет поврзани со спорниот цитат што тој го употреби во говорот од Регенсбург при посетата на татковината. Дел од дипломатите на Светата столица сметаат дури дека оваа посета може да донесе повеќе опасности, отколку предности. На чело на скептиците е поранешниот државен секретар Содано, кого Бенедикт 16-ти го смени од функцијата.
Но, поголемиот дел од куријата сепак го поддржува Папата во намерата да замине за Турција. Новата идеја за посета на “сината џамија“ е и нова можност да се упати порака на помирување со исламскиот свет. Впрочем проблемите и дијалогот со исламот и не се во фокусот на дводневната посета, туку односите со православната црква:
“Кога Папата ќе се најде во Анкара и таму покрај владата ќе се сретне и со членовите на дипломатскиот кор, тој секако ќе каже нешто и на темата ислам. Но, тоа не е главниот мотив на неговата посета, туку токму средбата со православните цркви особено му лежи на Папата на срце“ - појаснува германскиот кардинал Валтер Каспер.
Секако дека ушите на турската јавност ќе бидат многу наострени за секоја изјава на Папата што ќе има врска со чувствителниот однос меѓу христијанството и исламот и тука Бенедикт 16-ти се движи тукуречи по минско поле – признава кардиналот Каспер. Што се однесува пак до интересот во турската јавност за доаѓањето на гостинот од Ватикан, Каспер вели:
“Секако нема да има одушевување по улиците, какво што доживеавме во Баварија, татковината на Папата. Тоа ни не може да се случи, оти во Турција има малку христијани. Кај муслиманското население, пак, мислам дека интересот ќе биде од оној вид како и во Грција: улиците беа празни, но луѓето со големо љубопитство ја следеа посетата пред телевизорите.“