1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се урна дел од таван во лондонски театар

СН/бг/ртр/миа/мф/дпа20 декември 2013

Во театарот „Аполо“ во лондонската населба Вестенд се урна дел од таванот среде претстава. Во инцидентот нема загинати, а повредени се преку 80 лица , од нив четири потешко, соопшти противпожарната служба во Лондон

https://p.dw.com/p/1AdnZ
Фотографија: Reuters

„Чиста среќа е што нема мртви“, изјави раководителот на противпожарната единица која учествуваше во спасувачката операција во театарот „Аполо“во британскиот главен град. Вкупно 720 лица, меѓу кои и голем број цели семејства, присуствувале на исклучително популарната претстава „Чудна случка со куче на полноќ“ во театарот , кој се наоѓа на авенијата Шафтсбери, во населбата Вестенд. Салата, со капацитет од 755 гледачи, е изградена во 1901 година и е на четири нивоа, што значи дека била полна кога се случил инцидентот.

Очевидци за британските медиуми изјавила дека се слушало „крцкање“ но мислеле дека тоа е дел од претставата.

Според последните информации од противпожарната служба најмалку 88 лица се повредени од кои четири потешко. Сите повредени лица се извлечени од театарот и им е укажана лекарска помош на лице место додека на оние со потешки повреди биле пренесни во болница. Засега не се познати причините за уривањето на таванот на театарот „Аполо“.