1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сепаратистите во Каталонија обезбедија тесно мнозинство

БГ/ афп/макфакс26 ноември 2012

Владејачката партија на премиерот Артур Мас не успеа да обезбеди мнозинство кое би го отворило патот за независност на Каталонија од Шпанија.

https://p.dw.com/p/16pi1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сепаратистичките партии во шпанската провинција Каталонија добија мнозинство во новиот регионален парламент, но не успеаја да извојуваат јасна победа која би ги зајакнала нивните позиции за сецесија од Мадрид. Премиерот на Каталонија Артур Мас свика предвремени избори за да ја тестира волјата на граѓаните за одржување референдум за отцепување, но неговата партија освои помалку гласови отколку на последните избори и покрај високиот одзив на гласачите од 70 проценти.

Националистичката коалиција Конвергенција и унија (CiU) освои 30,55 отсто од гласовите и 50 од 135-те места во парламентот на Каталонија, што е далеку помалку отколку што имаше досега – 62 пратенички мандати.

Сепак, Мас може да коалицира со радикалната про-каталонска партија ЕРЦ која стана втора политичка сила во провинцијата.

Причина за остриот раст на сепаратистичките тенденции во Каталонија се проблемите во економијата, со оглед на финансиската и економската криза во Шпанија. Застапниците на отцепувањето на Каталонија од Шпанија веруваат дека економски развиениот регион, чијашто економија е поголема од, на пример, на Португалија, кој има удел од 20 отсто од брутодомашниот производ (БДП) на кралството, го издржува остатокот од Шпанија.