1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Санадер пристигна во затвор во Загреб

19 јули 2011

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер синоќa беше донесен во загрепскиот Окружен затвор, откако претходно и’ беше израчен на Хрватска од Австрија.

https://p.dw.com/p/11zCB
Фотографија: AP

Санадер веќе мина седум месеци во притвор во Салцбург. Во аферата „Фини Медиа“ поранешниот премиер се товари дека се здружил со поранешниот шеф на хрватските царини, Младен Баришиќ и со другите осомничени и ја злоупотребил премиерската функција и овластувања за да извлече пари од неколку министерства и државни претпријатија, преку приватната фирма по која и го доби името оваа афера. Постојат сомневања дека на тој начин тој извлекол речиси 15 милиони евра. Санадер ги отфрла обвинувањата и тврди дека станува збор за кампања против него што ја иницирале неговите политички противници. Владата во Загреб во последно време ја засили борбата против коруипцијата во контекст на завршувањето на пристапните преговори и приемот во ЕУ.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Трајче Тосев