„Само сакаме да заминеме од Србија“
27 декември 2017Околу 150 мигранти кои учествуваа во протестот носеа транспарент „Постоиме“ и бараа од хрватската полиција да ги пропушти преку границата. Хрватска испрати дополнително полициско обезбедување на границата, но инциденти немаше. „Сакаме само да ја напуштиме Србија“, изјавуваа мигрантите и порачаа дека се незадоволни од тоа што некои од нив и околу две години чекаат во прифатните центри во Србија за преминување на границата.
Погледнете го видеото на оваа тема:
„Нема никакви шанси за тоа“, оценуваат во Комесаријатот за бегалци на Србија. Комесарот Владимир Цуциќ истакна дека Хрватска нема да ги пропушти мигрантите исто како што и Унгарија не го стори тоа за време на сличните протести во текот на оваа година.
Според него и овојпат станува збор за злоупотреба и манипулација на мигрантите од страна на претставници на некои невладини организации.
Повеќе на темата:
Стравот на Балканот од Ердогановите бегалци-
Цуциќ денеска соопшти дека српската полиција ја префрлила групата која протестирала на границата кај Шид во прифатниот центар Принциповци во Бела Паланка и додаде дека групата ја сочинуваат луѓе кои ги злоупотребуваат безвизниот режим и гостопримството на Србија.