1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самоубиствени напади пред американска база во Авганистан

Александар Методијев/афп/миа1 септември 2012

Десет цивили и двајца полицајци денеска загинаа во две самоубиствени експлозии во централен Авганистан. Целта на нападите била воена база на американската војска.

https://p.dw.com/p/161sv
Фотографија: DW

„Бројот на повредените е толку голем што е тешко да се утврди. Многу луѓе се повредени и голем дел од пазарот Саједабад е уништен“, рече полицискиот портпарол Абдул Вали.

Првата бомба била активирана од милитант кој се движел пешки, по што следувала огромна експлозија од камион-бомба. Така голем дел од локалниот пазар бил уништен. Пазарот се наоѓа во близина на воената база во областа Сајебадад во провинцијата Вардак.

И француските медиуми јавија дека нападите биле насочени кон американската воена база. Според извештајот на Си-Ен-Ен, вториот напаѓач со камион удрил во оградата од базата, по што одекнала втората експолозија. Во нападите загинале и напаѓачите, соопшти претставник на локалните власти.