Самарас во Берлин одби да одговори за спорот за името
23 септември 2014„Денеска не разговаравме за спорот со името. За тоа во друга прилика разговаравме и ќе разговараме. Денес на дневен ред беа билатерални прашања“, изјави канцеларката Ангела Меркел, одговорајќи на до неа поставено прашање на Дојче Веле: дали на средбата со нејзиниот грчки колега Антонис Самарас, која е прва по самитот за Западен Балкан во Берлин, е разговарано за спорот со името со Македонија?
Меркел која денес по безмалку две години му беше домаќин на грчкиот колега Самарас, беше мошне кратка и внимателна во одговорот, воопшто не употребувајќи го името Македонија. Шефот на грчката влада, пак Антонис Самарас, се надоврза на Меркел велејќи дека „ од негова страна нема ништо да дополни“, со што средбата со новинарите заврши, а Самара делуваше „блокирано“ и не одговари на до него јасно поставеното прашање:
„Г. Премиер, Вие секогаш велите дека европските вредности се многу, многу важни за Грција. Не е ли време, овие европски вредности да добијат предимство, пред вашите политички интереси кои ја блокираат Македонија?“.