Салија Бекир Халим е борец за подобри права на жените во скопската населба Шуто Оризари. Таа, покрај семејството и семејните обврски, секојдневието го исполнува со активностите на неформалната група „Иницијатива на жени од Шуто Оризари,“ преку која активно се залага за унапредување на сексуалните и репродуктивните права на жените Ромки.