1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Кариера, деца и фрижидер

Наоми Конрад/ Жана Ацеска16 октомври 2014

Американски фирми од информатичка бранша им помагаат на жените да го одложат планирањето на семејството-на сметка на фирмата можат да ги замрзнат јајцевите клетки. Наоми Конрад критички гледа на ова.

https://p.dw.com/p/1DWSZ
Фотографија: picture-alliance/dpa

На прв поглед идејата звучи логично, дури и елегантно: ако некоја жена остане бремена, на подолг рок отстуствува квалификуван соработник во кој едно претпријатие инвестирало. Кога ќе се роди детето, тоа конкурира на бројни прекувремени работни часови, службени патувања и коктел-забави, на кои се разменуваат идеи и визит-картички. Се врши прекин на една кариера, можеби целосен, или барем нејзино забавување. Фирмата не може да го црпи полниот потенцијал на соработничката.

Прво кариера, потоа деца

Затоа американски претпријатија сакаат да им помогнат на стручно квалификуваните жени наместо својата кариера, на мраз да ја стават желбата да имаат дете-тоа веќе го прави Фејсбук, Епл планира да го воведе од следната година и да им плати на соработничките да замрзнат свои јајцеви клетки за подоцна. Според извештаите на американската телевизија ЕнБиСИ, двете фирми преземаат до 20.000 долари од трошоците за вадење јајцеви клетки и нивно депонирање. Кредото гласи-жените можат да останат бремени уште подоцна, кога веќе ќе си обезбедат атрактивна и сигурна позиција на кариеристичката скала. Зашто, од средината на 30-те кај жените рапидно опаѓа плодноста, но ако некоја ги одмрзне своите јајцеви клетки од младите години, може и подоцна да добие дете.

Обично мачкање очи или вистински добар план? Дали и подоцна не претстојат службени патувања, дополнителни работни часови и вечерни термини за контакти со муштерии и колеги? Дали со замрзнувањето крајно не се става на мраз проблем кој треба веднаш и темелно да се реши, наместо да се одлага? Имено, како жените во суштина да ги усогласат децата и кариерата без да мора да се откажат од едното или другото.

Kommentarfoto Naomi Conrad Hauptstadtstudio
Наоми КонрадФотографија: DW/S. Eichberg

Во САД нема право на породилно отсуство

Притоа, Епл и Фејсбук со своите градинки во фирмите и платеното породилно отсуство од околу четири месеци, така да се каже, се остров на среќниците. Навистина, не во германски, но во американски споредбени рамки. Зашто, во САД имено не постои законско право на породилно отсуство или отсуство за грижа околу детето на мајката или таткото. А сега дури и помошта во замрзнувањето на јајцевите клетки, со што АјТи-браншата, во која доминираат мажи, треба да се направи поатрактивна за жените, сугерирајќи-тука можат да се спојат кариерата и децата.

Но, она што и натаму не се нуди е: вистинската компатибилност на децата и кариерата не значи одложување на основањето семејство! Напротив, таа се потпира на флексибилни, но сигурни договори за работа, кои даваат гаранција за планирање, наместо младите луѓе да ги оставаат „да висат“ постојано со едногодишни договори за работа. Вистинската компатибилност се темели на работна култура во која прекувремените работни часови и вечерните термини не се правило; на широка понуда од детски градинки и партнери кои во ист размер со своите жени се грижат за домаќинството и згрижувањето на децата или понекогаш целосно ги преземаат. Накратко: потребна е, патем, и овде во Германија, законска основа за жените, но и мажите да можат колку што е можно да можат да ги спојат децата и кариерата.

А не фирмите да го управуваат планирањето на семејството на своите вработени и да го одлагаат за подоцна. Што значи всушност-подоцна? Кога жените ќе бидат постари, во одделни случаи веќе помалку издржливи и не веќе толку атрактивни за модерната креативна АјТи-бранша? Во таков случај, можат слободно да останат дома и да се грижат за своите деца. Можеби засекогаш. Или?