1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД – Австрија – нафта

24 април 2007
https://p.dw.com/p/AgB8

САД најавија дека ќе се спротивстават на планираниот голем проект на делумно-државниот австриски енергетски концерн ОМВ во Иран. Американската влада ќе и стави јасно до знаење на владата во Виена дека сега не е соодветно време за големи инвестиции во Иран, изјави попртпаролот на Стејт Департментот, Шон Меккормак. Тој потсети дека според американскиот закон од 1996 година, се предвидуваат американски санкции за сите фирми кои во Иран ќе инвестираат повеќе од десет милиони долари. Австрискиот концерн потпиша изјава со намери во која се говори за изградба на постројка за течен гас и за црпење нафта на едно нафтено поле во Иран.