1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руската државна телевизија пуштила снимка на отворањето на Олимпијадата

Александар Методијев/дпа/миа8 февруари 2014

Државната руска телевизија призна дека користела снимени материјали како замена за преносот во живо од отворањето на Олимпијадата во Сочи. Руските гледачи не знаеја дека 1 од 5-те олимписки прстени синоќа не се отвори.

https://p.dw.com/p/1B5S5
Фотографија: Reuters/Lucy Nicholson

Таа сцена беше кон почетокот на отворањето на Олимпијадата. Тогаш од снегулки требаше да се отворат петте олимписки прстени. Поради технички проблем, еден од прстените не се отвори. Домаќинот на преносот, телевизискиот канал Русија 1, пуштила снимка од генералната проба, каде сите прстени се отворени.

Креативниот директор на церемонијата Константин Ернст рече дека не постоела намера да се сокрие фактот дека не сите гигантски снегулки се претворија во прстени, како што било планирано. Тој инсистира дека малата грешка не го расипа шоуто, кое се проценува дека глобално го следела публика од три милијарди луѓе.

Eröffnungsfeier Sotschi 07.02.2014
Последната ѕвезда на десно не се отвори во прстенФотографија: Reuters/Brian Snyder

„Веројатно никој не би помислил дека тоа што една снегулка не се претворила во прстен ќе го натера некого да не ја гледа церемонијата“, додаде Ернст. „Глупаво е да се фокусирате на оваа снегулка. Луѓето гледаа шоу, а не само една снегулка како се претвора во прстен“, додаде тој.

Sotschi 2014 Eröffnungsfeier
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Кога станавме свесни, неколку секунди пред да се случи тоа, дека прстенот нема да се појави, веднаш го известивме репортажното возило на рускиот канал и тие искористија снимка што беше снимена претходно, каде прстените правилно се отвораат“, објасни Ернст. „Ова е јавна тајна и ние не се обидовме да го прикриеме тој факт“, додаде тој.

Продуцентот на гламурозниот проект „Свечено отворање“ Наталија Васиљева изјави дека таквиот потег е логичен, поради тоа што било важно да се запази сликата за Олимписките симболи.

Церемонијата на отворање на Олимпијадата во Сочи беше патување низ руската историја. Таа беше дизајнирана за да ја „покаже Русија од поразлична перспектива“. Како резултат на владеењето на Советскиот сојуз, Русија „не е третирана соодветно од остатокот од светот“, смета Ернст.

Sotschi - vor der Eröffnungsfeier
Маскотите на ОлимпијадатаФотографија: Getty Images/Antonin Thuillier

„Најголем дел од луѓето не очекуваа толку софистицирано шоу од нас. Не сакаме да се фалиме, ама ова е навистина иновативна, оригинална церемонија на отворање“, додаде нејзиниот креативен директор.