1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија и Македонија без отворени политички прашања

20 април 2011

Меѓу Македонија и Русија не постојат отворени политички прашања. Ние треба само да продолжиме со соработката , рекоа по средбата во Охрид шефовите на диоломатиите на двете земји Антонио Милошовски и Сергеј Лавров .

https://p.dw.com/p/10yzr
Шефовите на дипломатиите на Русија и на Македонија, Иванов и Милошоски на пресконференцијата во ОхридФотографија: DW

Родени сме во ера на поинакво размислување и различно сме образовани во училиште, така што се уште се живи инстинктите што не тераат во се да бараме скриена ситуација , рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров , одговарајќи на новинарско прашање: Дали по недоаѓањето на Хилари Клинтон во Македонија , неговата посета е манифестација за идна руска доминација во регионот:

„За жал некои европски политичари ги тераат државите да се определуваат дали се со Европа или со Русија . Тоа е застарена логика што веќе не функционира во овој современ свет “, изјави Лавров .

Всушност посетата на Лавров значи само продлабочување на зацртаното по минатогодишната средба меѓу претседателите на двете земји Дмитриј Медведев и Ѓорѓе Иванов.

Mazedonien Ohrid Kneipen und Bars
ОхридФотографија: Milco Jovanoski

Поделбата на „Исток и Запад “ е минато

„Поделбите на Исток и Запад се еден застарен софтвер од времето на „студената војна “ . Денес таа поделба е само дел од историјата и денес земјите се делат на проактивни и помалку активни за економскиот развој и напредокот на глобално ниво. “, рече македонскиот министер за надворешни Антонио Милошоски.

Милошоски го информирал рускиот колега за политичките и економските состојби во Македонија , но и за текот на спорот за името и оспорувањето од страна на Грција за евроинтеграциските процеси на Македонија.:

„Република Македонија Руската федерација ја гледа како европска земја, членка на Советот на Европа, на ОБСЕ ,постојана членка на Советот за безбедност во Обединетите нации и држава која има многу плодна и продуктивна соработка со сите земји членки на Европската унија и има силен и сериозен интерес за стабилен развој и економски напредок на Југоисточна Европа“, рече Милошоски .

Treffen der Außenminister von Mazedonien und Russland, Antonio Milososki und Sergei Lavrov in Ohrid
Од пресконференцијата на Лавров и МилошоскиФотографија: DW


Желба за конкретна соработка на сите полиња

Министрите на средбата го потпишале Заедничкиот план на министерствата за надворешни работи за редовни консултации за периодот 2011 – 2012 година за кои се очекува да придонесат за поблиска координација во различни области на надворешната политика. Станало збор и за продлабочувањето на економската соработка и можноста Македонија да биде дел од идниот Јужен гасоводен тек , како и за развојот на туризмот . При што Лавров го изрази задоволството од одлуката на македонската влада , руските граѓани во Македонија во еден подолг период од годинава да влегуваат без визи .

Русија и подари важни документи од минатото на Македонија

Министерот Лавров на Македонија им предаде копии од важни историски документи од архивите на Русија поврзани со животот на Крсте Петков Мисирков и Илинденското востание .

Лавров оствари средба и со македонскиот премиер Никола Груевски , а во негова чест претседателот Ѓорѓе Иванов приреди свечен ручек во вилата Билјана .

Шефот на руската дипломатија Лавров ја рагледа и изложбата по повод 150 годишнината од отворањето на рускиот конзулат во Битола,а го разгледа и Охрид.

Лавров оствари и средби со премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов. На нив централна тема било натамошното интензивирање на политичко- економската соработка меѓу двете држави. Притоа претседателот Иванов ја афирмирал поканата до рускиот претседател Дмитри Медведев да ја посети Македонија, при што ќе може на највисоко ниво да се потпише договорот за пријателство и соработка меѓу двете држави.

Искажувајќи голема благодарност за принципиелниот став на Руската Федерација во однос на почитувањето на уставното име на Република Македонија, чин кој особено се цени и од македонските граѓани, Иванов го запознал министерот Лавров со актуелностите во процесот на разговорите со Грција и за позициите Македонија. Спорот за името пак не бил тема на разговорите Груевски- Лавров.

Автор Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски