1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв златен медал за Косово

БГ8 август 2016

Маљинда Келменди влезе во историјата на Косово откако стана првата спортистка со златно одличје на една Олимпијада за младата држава. Медалата ја доби лично од претседателот на МОК, Томас Бах

https://p.dw.com/p/1JdEt
Фотографија: Reuters/T. Hanai

Прв златен медал за Косово на Олимписки игри

Маљинда Келменди не можеше да ги сокрие солзите откако стана првата спортистка од Косово која освоила златен медал на Олимписките игри. Игрите во Рио се првите на кои воопшто настапуваат косовските спортисти откако нивната земја прогласи независност.

25-годишната џудистка медалот го доби лично од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.
„Тој беше пред една година во Косово и ми рече: тука сум за да ви дадам поддршка и сакам ти да го освоиш златнио медал“, им изјави Келменди на новинарите.

„Денеска ми рече: се сеќаваш дека јас и ти имавме договор. Овие зборови ме донесоа до солзи“, вели Келменди, заблагодарувајќи му се на Бах за поддршката.