Реакции од Еу по појавата на птичјиот грип во Хрватска
24 октомври 2005Ваквата најава доаѓа откако вчера, во источна Хрватска беа откриени нови случаи на птичји грип. Мерките Од ЕУ се превземаат како превенција од ширењето на птичјиот грип во Европа.
Хрватска најави дополнително уништување на живината на нејзина терирорија, откако таму вчера беа откриени нови случаи на заразени птици. Тринаесет пцовисани лебеди беа пронајдени во близина на еден рибник во областа Зденка во источниот дел на земјата, за кои подоцна, тестовите потврдија дека станува збор за вирусот на птичјиот грип.
Ова всушност е втор случај на птичји грип во Хрватска, бидејќи болеста беше забележана и пред неколку дена, и тоа во истата област каде се пронајдени лебедите.
Околу 13 илјади птици од 500 фарми во земјата веднаш потоа беа уништени, а на сила е и забраната за држење на живината на отворено. Хрватскиот премиерот Иво Санадер најави дека оштетените селани ќе добијат надокнада, а во меѓувреме, хрватското министерство за земјоделство забрани извоз за живина во земјите на ЕУ.
Од Брисел веднаш стигнаа реакции :
,, Во овој момент Европската комисија не ја разгледува забраната за увоз на птичјо месо од Хрватска, затоа што болеста се појавила кај диви птици, а не кај домашни птици. Но оваа одлука може да се повлече во кое било време, бидејќи ситуацијата со појавата на птичјиот грип во Хрвтска внимателно се следи,, рече портпаролот на Европската Комисија Џонатан Тод.
,, Известени сме дека хрватските власти веќе донесоа одлука ѕа забрана на птици како домашни миленичиња. Ги поздравиваме таквите чекори и ги очекуваме резултатите од Вејбриџ, каде се испитуваат примероците од пцовисаните птици“ додаде портпарлот на Европската Комисија.
Тод најави дека министрите за земјоделство на 25 –те земји членски на Унијата ќе расправаат и за предлогот на Велика Британија, ЕУ да забрани увоз на сите диви птици кои се продаваат како домашни миленичиња. И Германија во меѓувреме побара да се воведе забрана за увоз на живи птици во целата Европска Унија, со цел да се спречи ширењето на птичјиот грип.