1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Раул Гонзалес: Ќе навивам за Реал Мадрид

26 мај 2018

Иако во мислите им е само Монпелје и денешното полуфинале на ракометниот Фајнал Фор во Келн, тренерот и ракометарите на Вардар имаат свои фаворити и за финалето на Лигата на шампионите во фудбал.

https://p.dw.com/p/2yM2i
Mazedonien Vardar Skopje gewinnt Handball Champions League
Раул Гонзалес и ракометарите на Вардар по освојувањето на шампионската титула во Европа минатата годинаФотографија: DW/P. Stojanovski

Неполн час по завршувањето на ракометниот дуел меѓу Вардар и Монпелје во полуфиналето на Фајнал Фор турнирот во Келн, во Киев започнува финалето во фудбалската Лига на Шампиони меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Иако ракометарите и стручниот штаб на Вардар немаат многу време да размислуваат за случувањата во други спортови, сепак имаат свои фаворити и во големиот фудбалски дуел. Тоа особено важи за шпанската „колонија" во скопскиот тим.

Logo des spanischen Fußballklubs Real Madrid
За Реал Мадрид ќе навиваат Гонзалес и Македа, но „кралевите“ не му се омилени на Канељас

Тренерот Раул Гонзалес и одбранбениот маестро Македа потекнуваат од Ваљадолид, односно Толедо и го поддржуваат Реал Мадрид, додека Жоан Канељас е од регионот на Барселона, и „кралскиот клуб" не му е омилен.

„Ќе навивам за Мадрид. Екипата е од Шпанија. Иако јас сум од Ваљадолид, ќе навивам за Реал", вели Раул за ДВ.

Неговиот тип за финалето е победа на Реал. „Секогаш кога Реал игра финале шансите се големи дека ќе победи, и јас мислам дека ќе победат".

Канељас вели дека размислува само за мечот против Монпелје и нема многу време за фудбалскиот дуел, но и дека ако треба да се одлучи за еден од двата тима, тоа би бил англискиот Ливерпул. Тоа, признава, нема воопшто да му се допадне на неговиот соиграч Македа.