Расмусен повикува на проширување на НАТО
30 март 2014Пристапот на источноевропските држави е „една од најуспешните приказни во нашето време“, напиша генералниот секретар на НАТО во заминување, Андерс Фог Расмусен во статија во германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
„Но, задачата уште не е завршена. Секоја европска држава која е во состојба да ги исполни основните услови на Алијансата и да продонесе за безбедноста, може да побара членство“, изјави Расмусен.
Македонија, Босна и Херцеговина, Грузија и Црна Гора на пример стремат кон пристапување и веќе работат на неопгодните реформи, во што НАТО ги поддржува.
Русија не го почитува суверенитетот на државите
Правото на државите сами да одлучуваат за своите работи спаѓа во основните во модерна Европа.
„Ова основно правило ни користеше од денот на создавањето на НАТО, па мораме да се придржуваме до него и денес“, смета Расмусен, кој на 1. октомври ја напушта функцијата, која ја презема поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг.
Расмусен го истакна постојаното јакнење на партнерството на Алијансата и Украина, во кој контекст односот на Русија кон кримскиот полуостров го нарече повреда на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Тој го истакна меѓународното право на секоја држава суверено и слободно да може да решава за својата сопствена судбина.
За „Фокус“ пак Расмусен изјави дека НАТО е екстремно вознемирен од движењето на руските трупи на украинската граница, поради што Алијансата мора да ја засилува колективната одбрана, за што во вторник Советот ќе дискутира во Брисел. Генералниот секретар апелира до сите членки да го зголемат скратениот буџет за одбрана, истакнувајќи дека украинската криза треба да биде повик за будење за сите во Европа. Расмусен стравува дека рускиот претседател Владимир Путин нема да се задоволи само со Крим.