Размена на удари меѓу Израел и Хамас
26 декември 2020Израелски авиони рано утрината нападнаа неколку цели во појасот Газа откако палестинските екстремисти испукаа синоќа две раки во насока на јужен Израел.
Цели, меѓу останатите, беа фабрика за производство на ракети и пунктови за обука кои му припаѓаат на Хамас, екстремистичката организација која владее со Газа, соопшти израелската војска.
Палестинските медиуми известија дека на истокот на Газа, се скршени прозорци, но нема извештај за жртви.
Во петокот вечерта испукани се ракети на израелскиот град Ашкелон на брегот на Средоземното море, но нив ги пресретнала противвоздушна одбрана и ниту една организација не презеде одговорност за ракетирањето со кое беше прекинато повеќемесечното затишје.
Повеќе:
-Примирје во конфликот меѓу Израел и Палестинците
-Израел нападна цели во Појасот Газа
-Израел и Палестинците пред нова војна?
Ракетните напади и израелската артилериска и одмаздата со удари од воздух се чести, но многу се разретчени во последните месеци поради пандемијата на коронавирусот на двете територии.
Хамас трипати војуваше со Израел, а помали конфликти имаше безброј. Оваа исламска организација сега главно го почитува неофицијалното запирање на оган со Израел.
Хамас, меѓутоа, го обвинува Израел оти не ги почитува обврските врз основа на примирјето кое вклучува ублажување на парализирање на блокадите на палестинските енклави и дозвола да се започнат големи инфаструктурни проекти.