1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Различни толкувања на инцидентот

19 мај 2011

11 мртви и 70 повредени е билансот од демонстрациите во северноавганистанската провинција Такхар. Населението, владините претставници и меѓународните трупи различно ги толкуваат причините за инцидентот.

https://p.dw.com/p/11JXG
Протести во Авганистан на 18.05.2011Фотографија: AP

Многу работи се’ уште се непознати. Од стотици до 1500 гневни авганистански демонстранти протестираа во Талокан, град на северот на Авганистан пред портите на цивилно-воен пункт. „Смрт за Карзаи, смрт за Американците“ извикуваше толпата, информираат очевидците. Таму се наоѓале околу 40 војници на Бундесверот и авганистанска единици чувари. Се слушнаа и истрели, авганистанската полиција и внатрешната тајна служба отвориле оган, вели портпарол на Бундесверот. Гувернерот на провинцијата Абдул Јабар Таква негира. „На полицијата не и е дозволено да пука. Тие во цивилно-воениот пункт отворија оган. Освен ова фрлија и рачни гранати, кои ја погодија толпата. Некои затоа се повредени и убиени. Меѓу толпата се вмешаа и маскирани мажи на мотоцикли. Тие целно пукаа врз луѓето за уште повеќе да ја разгневат толпата и уште повеќе да ја наелектризираат состојбата. Тоа беа талибанци од селата.“

Во Авганистан има многу противречности

Премногу субјективни, и речиси да нема објективно претставување на вистината. Ова се однесува и на случката, која ги предизвика насилните демонстрации: операција на една американска специјална единици, при која биле убиени четворица Авганистанци, меѓу нив и две жени. Станувало збор за узбекистанско-исламистички терористи, тврди ИСАФ. Интервенцијата била усогласена со авганистанските партнери. Гувернерот на провинцијата го демантираше ова. Според зборувањата во Авганистан пак, убиените биле безопасни цивили. Аманула од Такхар уверен е дека гневот одамна се собира: „Луѓето во провинција се незадоволни, оти владините службеници се бираат само со врски. Друга причина за демонстрациите беше што неколкумина Американци влегоа во една куќа и убија луѓе кои во тој момент имаа гости. Тоа го искористија други кои демонстрираа и го нападнаа цивилно-воениот пункт и тамошните сили за безбедност.“

Afghanistan Proteste gegen die Nato Flash-Galerie
Протести во Авганистан на 18.05.2011Фотографија: AP

Со мерки за повторно градење на довербата можеби ќе може да се надомести она што веќе е прокоцкано, во случај да не зачестат случаите како во Талокан. Расположението меѓу Германците меѓутоа не е оптимистичко, како меѓу хуманитарните работници, така и кај војниците. Се чини дека слична е состојбата и кај авганистанското население. Имено мислењето на Мирваис Патсун од Хелманд го делат и други: „Куќите се уништуваат, жените и децата се убиваат. Мислам дека тоа не е од корист ниту за Авганистанците, ниту за меѓународната заедница. Бомбардирањата и ноќните акции никогаш нема да бидат прифатени. Затоа авганистанската влада и меѓународната заедница нема да успеат и нема да може да ги освојат срцата на народот.“

Автор: Уте Хемпелман/ Васлат Хасрат Назими/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска