1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пукна „љубовта“ меѓу Американците и Карзаи

ЖА/дв/ап/дпа/афп15 март 2013

Американската војска на Хиндукуш стравува од нов бран насилство и ги зголеми безбедносните мерки. Генералот Данфорд укажува на најновите тиради на претседателот Карзаи, кои можат да поттикнат ескалација на состојбата.

https://p.dw.com/p/17ycD
Фотографија: dapd

По невообичаено остриот тон на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во однос на сојузникот САД, владата во Вашингтон е подготвена на избивање нов бран насилство. Командантот на НАТО во Авганистан, американскиот генерал Џозеф Данфорд ги предупреди своите трупи од нови напади. На овој начин НАТО ги потврди извештаите на весникот „Њујорк тајмс“ поврзани со соодветни дадени инструкции до американските и меѓународните команданти во целата земја. Согласно зборовите на Данфорд, посебно голема опасност произлегува од т.н. „инсајдери“, односно домашни полицајци или војници кои всушност соработуваат со трупите на НАТО. Освен тоа, невообичаено топлото време го поттикнува враќањето на бунтовничките борци преку пакистанските планински премини. Данфорд во еден е-меил до водечките офицери коментираше - по критиката на Карзаи, стигнато е до една „груба точка во врската“.

Карзаи се труди да настапи подипломатски

Карзаи во меѓувреме се обидува да ги релативизира своите зборови и да ја ублажи работата. Тој со своите критики се обидел само да поттикне реформи, а не сакал „да ги уништи односите со САД“, се вели во соопштение од кабинетот на авганистанскиот претседател.

Но, меѓу двете земји мора да постојат рамноправни врски на „две независни држави“, рече Карзаи. Релациите меѓу другото се оптоварени со цивилните жртви во нападите на НАТО и недоволниот респект кон авганистанскиот суверенитет.

Joseph Dunford neuer NATO Kommandant in Afghanistan
Командантот Данфорд (лево), архиваФотографија: REUTERS

Карзаи во неделата во телевизиско обраќање имплицираше наводни тајни односи меѓу САД и исламистичките талибанци. Двата најнови самоубиствени атентати со 19 загинати минатата недела терористите ги извршиле „во служба“ на САД. Населението требало да добие впечаток за драматично влошување на безбедносната ситуација кога борбените трупи на НАТО ќе се повлечат, според сегашниот план, во 2014 година.

Талибанците - непријател или партнер за преговори?

Освен тоа, Карзаи ги обвини Американците за речиси секојдневни актуелни преговори со талибанците во Катар. Неговата критика е - Американците не ги третираат веќе талибанците како непријатели, туку како партнер за преговори. Карзаи, пак, преговара со САД и со НАТО околу бројот на војници кои треба да останат во земјата по 2014 година. Претседателот јасно инсистира одлуката за условите да ја донесе еднострано авганистанската влада.

„Ние одлучуваме и им кажуваме каде и за што ни требаат. Тие мора да се придржуваат на нашите закони и да го почитуваат нашиот државен суверенитет“, истакна Карзаи.