1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проруските бунтовници ослободија набљудувачи на ОБСЕ

СН/ат/ртр/дпа/афп29 јуни 2014

Четири набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се повторно на слобода по четири недели заложништво кај проруските бунтовници.

https://p.dw.com/p/1CSC3
Фотографија: Reuters

Тешко вооружени лица ги спроведоа набљудувачите до еден хотел во градот Доњецк. Таму тие беа дочекани од претставници на ОБСЕ.

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмајер изјави дека ослободените набљудувачи на ОБСЕ, меѓу нив и еден Германец, се наоѓаат на слобода. Штајнмаер, продолжувањето на прекинот на огнот во Источна Украина до понеделник вечер, го означи како добар сигнал. „Оружјето мора долгорочно да мирува, за да може да му се даде шанса на мирот“.

Во Источна Украина, состојбата и натаму остануав напрегната. Украинската армија и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат дека го имаат прекршено примирјето. Истовреме украинскиот претседател Петро Порошенко ја најави досега најголемата уставна реформа во земјата по цели 20 година. Според неа општините во земјата за прв пат треба да добијат далеку повеќе овластувања. Покрај тоа државните финансисии треба да бидат „децентрализирани“, така што повеќе данок би останал во регионите и не би течел кон Киев.