1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пропуст во Фејсбук - погодени шест милиони корисници

АТ/ дпа/ ард22 јуни 2013

Поради грешка во базата со податоци за адресите, одредени Фејсбук-корисници една година имале пристап до адресите на нивните пријатели, кои всушност не биле јавни. Според Фејсбук погодени биле шест милиони корисници

https://p.dw.com/p/18uQZ
Фотографија: Reuters

Поради софтверски проблем во Фејсбук, контакт податоците на, според проценките, шест милиони корисници им биле достапни на други корисници на социјалната мрежа. Се работело за и-мејл адреси и телефоснки броеви, соопшти Фејсбук. „Станува збор исклучиво за телефонски броеви и и-мејл адреси од пријателите на Фејсбук, иако корисниците на Фејсбук немаат дозволено нивната и-мејл адреса да биде видлива за таа личност“, појасни денеска една потпаролка на концернот.

Во повеќето случаи информациите биле еднаш или двапати споделени. Погодените корисници се контактираат преку и-мејл.

За проблемот биле информирани властите за заштита на податоци во САД, Канада и Европа. Фејсбук се извини за грешката.

Фејсбук има собрано информации на преку 1,1 милијарда членови што претставува огромна збирка на податоци. Поради тоа веќе со години постои загриженост за можни проблеми со податоците, доколку се случи некаква софтверска грешка. Онлјан социјалната мрежа нагласува дека има инсталриано повеќеслојни системи за безбедност. „Но, и со силен тим едно претпријатие не може 100 процентно да исклучи софверска грешка“, се вели во еден блог.