Пропадна првиот обид за избор на албански претседател
30 мај 2012Албанскиот парламент денеска (30.05.2012) не успеа да избере нов шеф на државата, бидејќи двете најголеми парламентарни партии не постигнаа договор за заеднички кандидат кој би можел да добие доволно гласови на партениците за да биде избран за наследник на актуелниот претседател на Албанија, Бамир Топи.
За денеска најавеното гласање не се одржа, откако пратениците на опозициската Социјалистичка партија најавија дека нема да го поддржат единствениот кандидат за претседател, судијата во Уставниот суд, Џезатир Загањори, предложен од владејачката Демократска партија.
Пет шанси за избор на наследник на Топи
Согласно албанскиот Устав, за да биде избран кандидатот за претседател треба да добие поддршка на најмалку 84 пратеници во 140-членото Собрание. Демократите и нивните коалициски партнери имаат 74 пратенички места.
Пратениците имаат право да спроведат пет гласања за избор на претседател, при што при првите четири за избор потребно е квалификуваното три-петинско мнозинство, додека во петиот круг за шеф на државата е избран кандидатот кој ќе добие апсолутно мнозинство, односоно поддршка на најмалку 71 пратеник.
Доколу ни по пет гласања пратениците не изберат нов шеф на државата, Парламентот се распушта и се одржуваат нови избори во рок од 45 дена.
Актуелниот преседател Бамир Топи, чиј петгодишен мандат истекува на 24 јули, одби да се кандидира за реизбор, откако претходно се разијде со премиерот Сали Бериша и најави формирање сопствена партија.
Следниот гласање за избор на претседател на Албанија би требало да се одржи за една недела.