1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проблемот со хулиганите е потценет

СН/сб/де,вн,мдц,бц,сц,мц,нвц13 јуни 2016

Германскиот печат опширно го коментира насилството на улиците во француските градови, но и на стадионите- во екот на антитерористичките мерки се заборави на хулиганите.

https://p.dw.com/p/1J5c8
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

„Нордвест цајтунг“ : „Уличните битки во Марсеј ги покажуваат застрашувачките размери на насилството. Полицијата ја чека херкуловска задача. Опасноста од терористички напади не е отстранета, а насилството од хулигани е сѐ поприсутно. Што побрзо треба да се направи конкретен план против тоа насилство. Во четврток во Ленс играат британските ривали Велс и Англија. Нови незгоди не можат да се избегнат. Весел фудбалски празник? Не, таа скромна желба по 3 дена од ЕП веќе падна во вода.“

„Меркише цајтунг“: „Вината не ја сносат само хулиганите. Не функционира безбедносниот концепт. Не само во градот, туку и на стадионот и околу него, има работи на кои не се мислело. Има премалку редари, а тие се преоптоварени. Полиција не се ни гледа. Властите затоа ќе мораат да одговараат на непријатни прашања. Зошто, на пример, на стадион може да се купи пиво со нормален процент на алкохол? Хулиганите сигурно не се попитоми кога ќе се напијат. Останува само надеж дека сега ќе бидат заострени мерките на безбедност и оти во иднина ќе бидеме поштедени од слични сцени.“

Безредија на стадионот во Марсеј

„Зексише цајтунг“: „Зошто доаѓа до насилство? Алкохолот секогаш игра улога, исто како и прашањето како на време да одвојат навивачите. Во Германија, понекогаш се случува поголемиот број мирни навивачи да ги дициплинира оние агресивните. Насилството и расизмот така се сузбиваат. Кога станува збор за сегашните конфликти, воочливо е дека едни на други не удираат само долгогодишните противници. Оној кој е поинаков, го претепуваат. Можно е тоа да е нуспроизвод на растот на национализам во Европа.“

Бадише цајтунг“: „Европското првенството би требало да биде и да остане спортска светост. Радоста поради тоа не смее да биде задушена со силно присуство на полицијата и војската. Но, сите земји имаат обврска сериозно да го сфатат својот проблем со хулиганите. Англија и Русија тоа не го сторија. И сега тоа се одмаздува.“

„Мителдојче цајтунг“: „Се бара брза реакција на француската влада и на УЕФА за да се избегнат натамошни инциденти. Едно, меѓутоа, не може да се спречи: непријатното чуство кај прашањето: ако хулигани без проблем можат да внесат приотехника на стадион, како тогаш треба да бидат запрени терористите?“

UEFA EURO 2016 England - Russland Ausschreitungen im Stadion
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

„Вестфелише нахрихтен“:„ Проблемот со насилството на стадионите е веќе со децении ист. Тука веќе не помагаат меѓусебни обвинувања. Хулиганизмот изникна во своето општествено окружување. Во Русија, Англија, Франција, каде не... па и кај нас. Што да се стори? Да останеме будни и да се надеваме дека светот кој на насилството му служи како хумус ќе стане подобар. Фудбалот не е плодна почва за толку лоши работи. Тој е проекциско платно. Ни помалку, ни повеќе од тоа.“

„Дармштетер ехо“ : „Навивачите-насилници со ампутирани мозоци со децении следат многу тимови, па и германски. Англиските хулигани Марсеј веќе еднаш, во 1998. година, го претворија во бојно поле. Тогаш Англија играше против Тунис. Против такво нешто не постојат парични казни ни одземање бодови, туку само долгорочни програми за превенција. А краткорочно- најжестока од сите можни мерки: за Сојузот кој не може да ги контролира своите навивачи, овој турнир да се заврши. Вистинските навивачи- поголемиот број- се мирни и весели патриоти. А лажните- палат вербална пиротехника и даваат дифузна легитимација на група насилници. Оној кој тоа не сака да го види, тврди и дека во фудбалот нема допинг.“