1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преодната влада во Пакистан положи заклетва

16 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CI75

По распуштањето на парламентот во Пакистан, денеска новата преодна влада положи заклетва. Новиот шеф на владата Мохамадмиан Сомро е поранешен претседател на сенатот и тој ќе раководи со владата до изборите на 9 јануари. Важи за човек од доверба на претседателот Первез Мушараф. Лидерката на опозицијата Беназир Буто, која утринава беше ослободена од куќен притвор изјави дека не ја прифаќа новата влада, бидејќи во земјата се уште владее вонредна состојба. За сега нема најави кога ќе биде укината.