1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Први политички „жртви” на Авганистан

26 ноември 2009

Дискусијата во Бундестагот за продолжувањето на мандатот во Авганистан мина во знакот на обвинувањата за некомплетните информации од страна на воениот врв и оставката на генералниот инспектор Волфганг Шнаједрхан.

https://p.dw.com/p/Kguz
Генералниот инспектор Волфганг ШнајдерханФотографија: AP

И по осум години дебатите во Бундестагот за Авганистан се жежок костен од кој денеска изгореа двајца високи политичари, а до крајот на денот, не е искучено бројката да се зголеми за уште еден. Од функцијата се повлекоа првиот човек на Бундесверот генералот Волфганг Шнајдерхан и државниот секретар во минситеството за одбрана Петер Вихерт.

Некомплетна вистина

Денешната дискусија за продолжувањето на мандатот на Бундесверот во Авганистан за уште една година, се поклопи со извештаите во весникот „Билд“ според кој одговорните од армискиот врв и министертсвото за одбрана некомлетно информирале за акцијата на Бундесверот кај Кундус на 4 септември, во која имало и цивилни жртви.

Guttenberg in Afghanistan
Министерот за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг во АвганистанФотографија: picture-alliance/ dpa

Министерот за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг, пред пратениците изјави дека извештаите околу овие настани и за него биле недостапни и за првпат ги видел вчера, образложувајќи ги последиците: „Генералниот инспектор ме замоли да го разрешам од должноста. Одговорноста ја презеде и државниот секретар Вихерт. Се разбира дека овие извештаи ќе бидат одново анализирани и ќе бидат доставени до фракциите и до обвинитеството,“ подвлече министерот цу Гутенберг.

Доколку се покажат како точни медиумските информации, одговорност ќе треба да преземе и поранешниот министер за одбрана, а сега министер за труд и социјала Франц Јозеф Јунг. Ова го побараа повеќемина пратеници.

Социјадемократот Јоханес Пфлуг обраќајќи му се на Јунг се закани дека доколку е вистина дека парламентот намерно неточно бил информиран, тогаш треба да смета со последици и истражна комисија. „Еден ваков министер е или нечесен или неспособен за било кој ресор”, констатираше и Паул Шафер од партијата на левите, а неодржливоста на Јунг за која било министерска функција ја подвлече и Фритхјот Шмит од фракцијата на Зелените.

И Јунг ќе има збор

Социјалдемократот Томас Оперман пред пратениците побара за случувањата и извештаите во медиумите да говори и поранешниот министер Франц Јосеф Јунг. Иако при гласањето неговиот предлог не го доби мнозинството од пратениците, Јунг самоиницијативно од говорницата најави дека сака да има шанса да ги провери информациите по што уште во текот на денот би дал објаснување пред пратениците.

Шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле во дискусијата истакна дека Владата ќе биде отворена и транспарентна за оваа тема. Тој подвлече дека би било неодговорно Германија да го откаже своето присуство во овој „експлозивен” регион, зашто од тамошната ситуација зависи севкупната безбедност, укажувајќи на редоследот на активностите. Според него најпрво треба да се дефенираат целите. Потоа со партнерите да се договори стратегегија. И дури потоа може да се дискутира за датали, за бројот на војниците. Да се говори за ова пред да се утврди стратегијата е погрешен редослед на задачите, подвлече министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле имајќи ја предвид престојната јануарска конференцијата за Авганистан што треба да се одржи во Лондон.

Guido Westerwelle auf dem Weg nach Afghanistan
Шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле пред седмица престојуваше во Авганистан, а денес говореше за задачите во регионотФотографија: DPA

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска