Правосудството во Германија пред нов пораз
11 август 2004За случајот Мотасадек весникот Лајпцигер Фолксцајтунг пишува:
“ Американците и натаму се држат во тајност. Од другастрана во Германија има се повеќе луѓе , кои по случаите на малтретирање на затвореници во Ирак и во базата Гвантанамо на Куба , се сомневаат во вистинитоста на податоците до кои дошле американските истражни органи. Ова е конфликт поради кој всушност беше поништен првиот судњски процес против Мотасадек. САД го држат во затвор Рамзи Биналшиб, наводниот планер на нападите од 11 септември. На германските судии меѓутоа не им е дозвболено да го испитуваат. Ним на располагање им стојат само кратки информации од испитувањето кое го спровеле истражителите во САД , На тој начин меѓутоа е многу тешко да биде склопена слика на случувањата . Тоа доведува до сомнежи , а во случај на сомнеж се одлучува во полза на обвинетиот , дури и ако тој е виновен.
Тоа би бил навистина тежок пораз во борбата против тероризмот.”- предупредува Лајпцигер Фолксцајтунг .
Весникот Ди Велт од Берлин пак го донесува следниов заклучок:
“Правосудството во Германија е соочено со проблеми. По вторпат се покренува процесот против еден радикален исламист , кому се префрла дека обезбедувал помош во терористички напади и убиства. Но и покрај тоа , најголемата правфна држава во светот , одбива да овозможи испитување на сведоците и нуди само прочистени протоколи од сопствените испитувања на сведокот. Тоа меѓутоа не му е од полза на германскиот суд. На тој начин двете правни држави се во ќорсокак. Од една страна е германија , која со повторносто воспоставување на т.н круунски сведок , можеби би успеала да ги придвижи овдешните сведоци да проговорат, и од другастрана САД кои своеволно го дефинираат поимот правосудство”. – заклучува коментаторот во Ди Велт.
Во Манхајмер Морген на истата тема читаме:
“ Американците не сакаат ниту да признаат јавно дека го уапсиле Рамзи Биналшиб. Што тогаш можат да му понудат на судот во Хамбург?. Можеби брошури за борбата против тероризмот , или прилози од весникот Њујорк Тајмс или пак изборен плакат од Џорџ Буш?. Ако САД не ги стават на маса доказите кои ги имаат , тогаш и вториот процес против Мотасадек ќе заврши како и првиот : Со ослободителна пресуда , разочарување во целиот свет и шлаканица за германското правосудство”- става до знаење Манхајмер Морген.
Весникот Франкфуртер Рундшау пак пишува за една друга тема: Растечките незадоволства од најавените социјални реформи во Германија: Весникот меѓу другото истакнува:
“Губитниците се најчесто присутните ликови во брановите демонстрации кои ја заплиснаа Германија , оние кои имаат повеќе од 45 години , и пробале сешто , прешколување, дополнително образование , праќале пријави на конкурси ширум земјата. Значи луѓето кои во Источна Германија немаат што да најдат , бидејќи таму едноставно нема доволно работни места. Тоа што еднаш постоеше Германската Демократска Република , која по банкротот остави уништено стопанство , кое само делумно можеше да закрепне и да се транформира во конммкурентно, тоа е и по 15 години суштината на проблемот. Но тоа сега повеќе не игра одлучувачка улога . Многу е веројатно дека сегашните демонстрации се само претходница на големи протестни маршеви...- прогнозира со песимизам Франкфуртер Рундшау.
Вецларер Цајтунг пак предлага:
“Сојузната влада чини добро што се позиционираше на половина пат од екстремните позиции. Ако поедини одлуки веќе се сватени како бесмислени, владата треба да ги промени, но не и да се откаже од реформскиот курс. Ако демонстрантите на Истокот ова го слават како свој успех , може да им се допушти правото на малку задоволство”- пишува Вецларер Цајтунг.