1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По Хрватска, Македонија е нареден кандидат за прием во ЕУ

23 март 2006

Европратеникот Ј. Свобода вели и дека ЕУ со поизострена лупа гледа на кандидатите. Е. Фуере: „Ако евроинтеграцијата на регионот не успее, постои опасност од враќање на нестабилноста“

https://p.dw.com/p/Adee
Фотографија: AP

Проширувањето на ЕУ нема да заврши со Хрватска и по неа нареден кандидат за прием е Македонија, изјави за агенцијата МИА во Брисел австрискиот европратеник Јоханес Свобода. „Реформскиот процес во Македонија оди напред“ – оцени Свобода и вели дека е сосем јасно оти земјата има право да се зачлени во Унијата, како што има право и да ги започне преговорите за тоа. Идеите за одредување на капацитетите на Унијата за прием на нови членки не се нови и тие не се насочени против македонија и останатите кандидати, смета тој. „Како што Македонија треба да спроведе реформи, така и ЕУ треба да се реформира“ – вели Јоханес Свобода и нагласува дека Унијата сега со многу поизострена лупа гледа на кандидатите за членство, отколку порано.

„Ако евроинтеграцијата на регионот не успее, постои опасност од враќање на нестабилноста“ – смета амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере. Приклучувањето на Република Македонија кон ЕУ е единствен обединувачки елемент во земјата и тоа треба да остане така, рече Фуере на на семинар во Охрид посветен на евроинтеграциите во регионот.