По навредите на муслиманите во Австрија: ако е и од третокласна политичарка – многу е!
16 јануари 2008Реклама
Како да се одреагира на глупави изјави на политичар од
општинско ниво, кој во изборната кампања се обидува да го
привлече вниманието со провокативни слогани? Најдобро е
воопшто да не се реагира! Едноставно да не му се придава
внимание. Не мора во јавноста да се коментираат сите
бесмислени изјави на некои самобендисани локални величини.
Впрочем политичарите и новинарите имаат доволно работа и без
тоа...
Но, во овој случај навредливите изјави на австриската комунална политичарка Сузане Винтер, насочени против Пророкот Мухамед и муслиманската вера, кренаа големи бранови – и тоа не само во Алпската република. Како политичарите, така и претставниците на католичката и протестантската религија во еден глас го осудија безразумното дрдорење на политичарката Винтер која се служи со стереотипи, потпалува стравови кон муслиманското малцинство во Австрија и го загрозува јавниот мир.
Таквата постапка во секој случај ја дисквалификува Сузане Винтер од извршување каква и да е одговорна јавна задача, бидејќи меѓу главните задачи на политичарите спаѓа заштитата на јавното добро. А тоа се постигнува само со поттикнување на толеранцијата во јавниот живот и со почит за верата и културата на малцинствата. На госпоѓата Винтер очигледно не и‘ е познат ни основниот бон тон во политиката, имено цивилизираниот однос кон другите. Затоа нејзе со право и‘ се заканува јавна казна.
Во Австрија може во моментов да се набљудува како функционира западна, секуларна демократија. Испадите на Сузане Винтер ги осудуваат не само политичарите од другите партии, новинарите и интелектуалците, туку таа наредниве денови ќе биде подложена и на полициски распит. Државното обвинителство ја разгледува можноста за покренување обвинение - и тоа за поттикнување омраза меѓу народите. За таква грешка во Австрија може да се добијат и до две години затворска казна. Многумина во таа земја радо би ја виделе Сузане Винтер зад решетките, каде на мира може да размисли за сопствените зборови.
Во секој случај, навредата на религиозните чувства на милиони луѓе не може со ништо да се оправда. Дури ни со забелешката дека христијанските малцинства во некои земји со мнозинско муслиманско население се прогонувани. Токму ако Западот бара почитување на правата на христијаните во земји како Турција, Египет, Алжир или Иран, мора прво да се погрижи муслиманите да бидат почитувани во Европа. Тој принцип важи дури и за очигледно глупави испади на третокласна комунална политичарка среде изборна кампања!

Реклама