1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почесна титула за претседателот Иванов

3 март 2012

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Салцбург со свечена церемонија ќе биде инаугуриран во заштитник на Европската академија на науките и уметностите.

https://p.dw.com/p/14ENU
Македонскиот претседател Ѓорге ИвановФотографија: Petr Stojanovski

Шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов работната посета на Австрија ја продолжува во Салцбург каде денеска (03.03.2012) ќе му биде доделена почесната титула- заштитник на Европската академија на науките и уметностите (ЕАНУ).
Со почесната титула претседателот Иванов ќе се приклучи кон групата заштитници на престижната континентална академска институција во која уште патрони се претседателите на Австрија, Русија, Словачка, Словенија, Грција и на Швајцарската Конфедерација - Хајнц Фишер, Владимир Путин, Иван Гашпарович, Данило Тирк, Каролос Папуљас, Дорис Лојтхарт, како и суверените на Шпанија, Белгија и на Луксембург. Почесни сенатори на оваа академска институција се голем број актуелни и поранешни шефови на држави и влади и други високи функционери и видни јавни личности.
Европската академија на науките и уметностите е формирана во 1990 година во Салцбург, со интенција да придонесе за позитивен развој на опшествата и културите во Европа преку интердисциплинарни и наднационални дебати за суштинските проблеми на европско тло и да оствари пионерска интелектуална улога. Работата на Академијата се фокусира врз три клучни сфери – развој на знаење, дистибуција на научни информации и спроведување големи мултинационални проекти.
Меѓу 1.200-те нејзини членови - етаблирани светски имиња од областа на науката, уметноста, филозофијата, се и 25 нобеловци, како и македонските академици Матеја Матевски, Момир Пленаковиќ, Радмил Поленаковиќ, Нада Поп-Јорданова, Бојан Шоптрајанов и Георги Старделов.

Mozartstadt Salzburg
СалцбургФотографија: DW

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: А. Трајковска