1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Постигнато „трајно“ примирје меѓу Израел и Палестинците

БГ/афп26 август 2014

Палестински извори соопштија дека е договорено ново, долгорочно, примирје со Израел во Појасот Газа, откако Тел Авив ги прифатил нивните барања за деблокада на појасот

https://p.dw.com/p/1D1Rr
Фотографија: Reuters

Палестинците постигнале договор со Израел за „трајно“ примирје во Појасот Газа, потврдија високи палестински извори за неколку светски агенции. Хамас веќе го претстави примирјето како „победа“.

Засега нема коментар од израелска страна за договорот кој треба да го запре седум неделното крвопролевање во Газа и околината. Двете страни веќе неколку недели преговараа во Каиро, под покровителство на Египет.

Палестински извори не наведуваат временска рамка во која треба да започне да се почитува примирјето, но вечерва се очекува обраќање на претседателот Махмуд Абас.

„Разговорите кои се одвиваа веќе одредено време доведоа до трајно примирје, договор за прекин на блокадата и гаранција дека барањата за Газа ќе бидат исполнети“, изјави висок палестински претставник за АФП.

Веста ја потврди и претставник на Хамас.

„Преговорите завршија со договор кој го отелотворува отпорот на нашите луѓе и значи победа за отпорот“, изјави вториот човек на Хамас, Муса Абу Марзук.