Пораки за мир и дијалог се испратија од Охрид
28 октомври 2007Реклама
Дијалогот е доказ дека човештвото има сила да постигне сојуз на верите и цивилизациите истакна на крајот од тридневната меѓурелигиска конференција во Охрид, шефот на македонската дипломатија Милошоски кој беше нејзин претседавач. Усвоена е и декларација со која треба да се унапредат дијалогот, разбирањето и заедништвото меѓу различните вери.