1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Поп-концерт како корона-експеримент: Во очекување на резултатите

СН/дв
28 август 2020

„Рестарт 19“, така е наречена студијата, која во моментов се спроведува во Германија, со која треба да се утврди дали е возможно безбедно одржување на големи настани со публика во затворен простор во услови на пандемија на коронавирусот. Студијата започна со експериментален поп-концерт во Лајпциг. Како помина тој и како понатаму ќе тече студијата?

https://p.dw.com/p/3hUAk

Големите концерти или спортски настани со многубројна публика не смеат да се одржуваат во Германија веќе со месеци. Забраната за големи настани поради коронавирусот, која важеше  до крајот на октомври, германските власти најавија дека ќе ја продолжат до крајот на годината.

Deutschland Experiment - Konzert unter Corona-Bedingungen
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt

Но и покрај тоа истражувачите од Универзитетот Хале во Лајпциг сакаат да откријат како може да се одвиваат работите по пандемијата. 

За таа цел и во служба на науката во Арената Лајпциг. се одржа првиот голем настан по неколку месеци. Наместо првично посакуваните 4.200 испитаници, само околу 1.500 луѓе присуствува во експерименталниот поп-концерт. 

Deutschland | Coronavirus | Konzert Tim Bendzko
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Повеќе:

-Германија: Се бараат 4.000 доброволци за корона-експеримент на концерт

Сепак, организаторите од универзитетот во Лајпциг се задоволни од тоа како протече овој прв дел од студијата, која ќе продолжи во наредните 4-6 недели со детална анализа на податоците добиени од експерименталниот концерт. 

На крајот, треба да биде создаде математички модел кој го пресметува ризикот од ширење на коронавирусот при големи настани во затворен простор.