1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полициски специјалец е убиецот на рускиот амбасадор

БГ
19 декември 2016

Рускиот амбасадор Андреј Карлов беше убиен попладнево во турскиот главен град, Анкара. Убиецот порача дека атентатот е одмазда поради руската улога во Алепо, Сирија. 

https://p.dw.com/p/2UZPR
Türkei Andrei Karlov
Фотографија: picture alliance/AA/A. Balikci

Специјалец на турските полициски сили, 22-годишниот Мевлут Мерт Авдинташ изврши атентат врз рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов (на насловната фотографија). Рускиот амбасадор присуствуваше  на изложбата на фотографии насловена „Русија видена од Турција“ кога одеднаш се слушнаа истрели од огнено оружје. Камерите го регистрираа целиот настан додека убиецот извикуваше на арапски и турски јазик. „Не заборавајте на Алепо, не заборавајте на Сирија“ а потоа и „Алах е голем“. Убиецот истрела вкупно осум куршуми а во престрелката беа ранети уште три лица. Полицијата подоцна го застрела напаѓачот и тој починал. 
Нападот се случува во екот на зголемени тензии во Турција поради настаните во Алепо и раст на анти-руското расположение. Претходните денови се одржуваа и протести пред руската амбасада во Анкара поради поддршката на Москва на сирискиот претседател Башар Ал Асад. 
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нападот имал за цел да им наштети на односите со Русија. Тој рече дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и притоа и двајцата се согласиле дека се работи за акт на „провокација“. Во телевизиско обраќање, Путин рече дека актот „претставува провокација насочена кон нарушување на нормализацијата“ на билатералните односи и на „мировниот процес во Сирија“. 
Руски истражители веќе се на пат кон Анкара и ќе учествуваат во истрагата за случајот. 

Türkei Anschlag auf russischen Botschafter
„Не заборавајте на Алепо, не заборавајте на Сирија“, извикуваше атентаторот.Фотографија: picture alliance/dpa/O. Ozbilici

Засега нема информации за можна поврзаност на убиецот со некоја група, а експресна осуда на нападот стигна и од движењето „Ѓулен“ од каде отфрлија можна поврзаност.