1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарите во Сибир „проголтале“ територија поголема од Грција

СН/дв
22 јули 2020

Шумските пожари во Сибир и натаму се надвор од контрола. Штетниот чад од нив се шири низ регионот, погодувајќи градови и села, каде негативно влијае врз квалитетот на воздухот во регионот, што може да ги влоши симптомите на Ковид-19 и други респираторни заболувања.

https://p.dw.com/p/3fdzE

Пожарите во Русија досега изгореле област поголема од територијата на Грција, пренесува Гринпис Русија. Во понеделникот, организацијата за заштита на животната средина ги критикуваше владините претставници поради нивната неактивност во регионот, во услови на рекордни топлотни бранови.

Bilder Copernicus Sentinel Sibirien Russland Brände
Фотографија: Copernicus Sentinel/Sentinel Hub/Pierre Markuse

Користејќи сателитски податоци, Гринпис Русија објави дека околу 19 милиони хектари шуми, степи и полиња изгореле низ Сибир од јануари годинавама. Околу 10 милиони хектари од овие територии страдале од шумски пожари.

Пожарите станаа редовна годишна појава, но рекордната топлина во минатиот месец ги интензивираше штетите.

Повеќе:

-Шумските пожари се предвесници на новата ера

Гринпис Русија соопшти дека властите не сториле доволно за подобрување на условите.

Ein Waldarbeiter hilft den Waldbrand in der Region Krasnoyarsk zu löschen
Фотографија: via Reuters

Додека повеќето пожари се случуваат во оддалечените области, Гринпис соопшти дека штетен чад се шири и во поголемите градови, како и во многу мали градови и села. Овој чад негативно влијае врз квалитетот на воздухот во регионот, што може да ги влоши симптомите на Ковид-19 и други респираторни заболувања.