Anschlag Afghanistan
2 јуни 2011Не помина ниту цела недела од последниот напад во северен Авганистан, а талибанците веќе повторно ги земаа на нишан војниците на Бундесверот. Нападот се случи во провинцијата Баглан, јужно од Кундус, која во изминатите години се претвораше се‘ повеќе во опасна зона за Германците.
Бундесверот потврди дека денеска изутрина, околу 10 часот по локално време, врз германските трупи е извршен напад. Портпарол на гувернерот на провинцијата Баглан, изјави дека многу знаци укажуваат дека нападот е извршен со експлозив, поставен на раб на улица: „Странските трупи што се стационирани овде, во Баглан, трганале во насока на регионот Гадеја. Кога стигнале до регионот Амаркел, возилото налетало на бомба поставена на работ на патот. Тоа се информациите што ги добив од безбедносните сили.“
Според првичните сознанија, станува збор за возило од типот Мардер. Талибанците веднаш презедоа одговорност за нападот. Скриените експлозиви, т.н. ИЕД-експлозиви, се тешко видливи со голо око и затоа тешко се препознаваат во текот на патролите.
Автор: Кај Кистнер/ Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор: Александра Трајковска