Транспорт на двајца повредени во автобуската несреќа
27 ноември 2021Отпуштените пациенти од софиската болница „Пирогов“ биле стабили и во добра општа состојба. Тие ќе бидат преземени за натамошно набљудување во медицинските установи во Северна Македонија. Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при НУ болница „Пирогов" ги предаде пациентите на медицински екипи од Република Северна Македонија.
И другите четворица повредени во несреќата се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера.
Според најавите, уште двајца од повредените патници ќе бидат отпуштени од болницата утре, двајца на 30 ноември, а еден на 1 декември.
Во сообраќајната несреќа што се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма“, загинаа 45 лица, а седуммина се повредени. Според бугарските истражители, жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка.