Повеќе жени убиени во напад на НАТО во Авганистан
16 септември 2012Локален претставник соопшти дека во денешниот (16.09) воздушен напад на НАТО се убиени осум жени, а уште толку се ранети. Инцидентот се случил источно од главниот град Кабул. Жителите на дистриктот Алигнар го донесел телата на загинатите во бирото на гувернерот, изјави Сархади Ѕевак, портпарол на провинцијата Лагман за агенцијата АП. Луѓето извикувале: „Смрт за Америка!“
Портпаролот рече дека жените барале дрва за огрев рано утрината кога нападнале авионите.
Ранетите жени се пренесени во болница. Директорот за здравство на провинцијата, Латиф Кајуми изјавил дека се донесени седум жени. Некои од жртвите немале ни десет години.
ИСАФ-трупите изразија жалење за инцидентот. Прво заштитните трупи тврдеа дека во нападот биле убиени 45 бунтовници, а не и цивили. Нападот бил насочен против бунтовниците во регионот.
Цивилните жртви при нападите на НАТО предизвикуваат се‘ пожесток гнев меѓу авганистанското население. Претседателот Хамид Карзаи повеќепати побара од ИСАФ да избегнува цивилни жртви.