1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плацек поднесе оставка како претседател на СПД

10 април 2006

Неговиот прв заменик,премиерот на покраината Рајнланд Пфалц,Курт Бек,ќе ја преземе привремено должноста и ќе се кандидира за претседателското место на вонредниот конгрес на партијата во мај.

https://p.dw.com/p/AdXg
Бек и Плацек,едниот доаѓа,другиот заминува
Бек и Плацек,едниот доаѓа,другиот заминуваФотографија: AP

Тој ги преценил своите сили при преземањето на должноста во ноември минатата година,гласи горкото резиме на Матијас Плацек, кој по само 150 дена ја напушта функцијата претседател на Социјалдемократската партија:

-Последниве денови морав да ја донесам сигурно најтешката одлука во мојот живот.Таа,поради лекарски совет,да ја напуштам должноста претседател на Социјалдемократите.Најдлабоко жалам што не можам да ја носам и натаму радо преземената одговорност.

Плацек во Берлин пред новинарите настапи без типичната насмевка и со видливи знаци на исцрпеност по ненедејното времено губење на слухот што му се случи пред две недели.Како причина за оставката 52 годишниот Плацек,кој е истовремено и премиер на покраината Бранденбург и претседател на тамошната Социјалдемократска партија,ги наведе исклучиво здравствените проблеми.

Јавноста за првпат дозна дека тој на почетокот на февруари морал да паузира не само поради тежок грип,туку и поради проблеми со крвотокот и со нервите.

Плацек потенцираше,во ноември лани заедно со својот прв заменик Курт Бек,ја презеде одговорноста за Социјалдемократската партија.Причината беше спречување на слабеењето на партијата по оставката на Франц Минтеферинг.Курт Бек,кој истовремено е и премиер на покраината Рајнланд Пфалц,најпрво привремено ќе ја води партијата:

-Матијас Плацек телефонираше со госпоѓата канцелар,претседателка на Христијанско демократската унија, јасно ставивме на знаење дека ние ќе го продолжиме континуитетот во работата на големата коалиција.Колку што е можно побргу јас и директно ќе водам разговори со госпоѓа Меркел и претседателот на ЦСУ.

Социјалдемократите веројатно ќе изберат нов претседател на конгрес во мај.Курт Бек ја најави својата кандидатура.Генералниот секретар Хубертус Хајл треба да остане на должноста,соопшти Бек.

Матијас Плацек пред својата оставка ги разработи тезите за новата програма на Социјалдемократската партија,која денеска ја предложи пред партиското раководство.Плацек во врска со тоа:

-И во 21 век постои солидарна алтернатива.Ќе постои солидарна социјална држава,која на луѓето ќе им го овозможи заедништвото како животен еликсир.Таа мора да биде извојувана,создадена,за неа мора да се спори,а затоа е неопходна силна Социјалдемократска партија на Германија.

Дали ќе остане и натаму премиер на Бранденбург,на ова прашање Плацек одговори со јасно-да.