1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пеколот во моментов се вика Пакистан

18 август 2010

Во областите во Пакистан погодени од поплавите драматично е зголемена опасноста од зарази. Работата на спасувачките екипи дополнително е отежната со втор бран поплави.

https://p.dw.com/p/OpOA
Фотографија: AP

Болницата во градот Чарсада на северозапад на Пакистан, е стара и истрошена градба. Задушливо е, влажноста на воздухот е екстремно висока. Ходниците се преполни. Бегалците лежат на земја, но и пациентите, кои чекаат да дојдат на ред. По разурнувачките поплави пред две недели, градот Чарсада со околу 100 илјади жители во голем дел стана пустелија. Населбите се претворени во гнасани бари, остатоците од куќите се полни со кал. А се’ повеќе луѓе заболуваат.

Болниците се преоптоварени

Pakistan Überschwemmung
Застоената вода ја зголемува опасноста од колераФотографија: AP

Тим на Светската здравствена организација допатува во Чарсада. Лекарите вршеа увид на ситуацијата во болница. Барем клиниката стои, што при овие поплави не е разбирливо само по себе. Но проблемите и во Чарсада речиси да не можат да се надминат, вели Мохамад Наваз. Тој седи во скромна просторија, пред него е стариот телефон, мобилен, и блок за белешки. Наваз е одговорен за снабдувањето на болницата: „Размерите на страдањето се многу големи. Иако правиме се’ што е можно, се’ овде далеку ги надминува нашите капацитети.“

Epidemie und Erkrankungen im Flutgebiet Pakistans
Епидемии и заболувања- болниците во Пакистан се преоптоварениФотографија: DW

Лекарите во Чарсада изминатите две недели третираа 27.000 лица, 14 пати повеќе од вообичаеното. Од 1,8 милиони луѓе, за кои е задолжена клиниката три четвртини се погодени од поплавите. „Повеќето имаат дијареја, нафрлувања на кожата и очни инфекции. Третиравме 15 случи од каснувања на змии, но најлоша е дијарејата. Веднаш ни се неопходни лекарства за многуте итни случи.“

Природната не смее да се претвори во медицинска катастрофа

Џабар Хусеин и неговиот тим внимателно ги слушаат зборовите на Наваз. Во центарот за координација во Исламабад ќе поднесат извештај за состојбата во болницата. Оттаму Светската здравствена организација испраќа лекарства во кризните области, но можат ли Џабар Хусеин и неговите колеги ефиканско да пружат помош? „Мораме итно да купиме лекарства, залихите се празнат. Нужно сме упатени на меѓународната заедница.“

Во градовите како Чарсада секојдневно расте опасноста, на природната, да се надоврзе медицинска катастрофа: „Водата стои и поради тоа стравуваме дека може да избие епидемија на колера. Луѓето се враќаат во уништените куќи. Таму живеат во најлоши услови и веќе неможеме да стигнеме до нив. Тоа ја прави целата ситуација уште поопасна.“

Epidemie und Erkrankungen im Flutgebiet Pakistans
Инфекција на кожата на лице во поплавените областиФотографија: DW

Џабар Хусеин и Мохамад Наваз уште еднаш утврдуваат, како најдобро да постапат. И двајцата знаат дека времето им минува. Но што би се случило, ако не бидат навреме испорачани вакцините и лекарствата во поплавените обасти - на тоа Мохамад Наваз не сака ни да помисли во моментов: „Ако не делуваме доволно брзо, стравувам дека полека ќе стане застрашувачки.“

Автор: Јирген Веберман/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска