Папата во Бугарија ќе се моли за мир
4 мај 2019Папата Франциско во своето обраќање до верниците пред посетата вели дека посетата на Балканот е „аџилак во знакот на верата, единството и мирот“. Тој со поглаварот на Бугарската православна црква, Неофит, сака да ја нагласи желбата за напредување на „патот на братско заедништво помеѓу христијаните“.
Христијанската порака во Бугарија донесе „богати плодови, дури и во тешките времиња од минатиот век“, вели папата во видео-пораката и потсетува на својот полски претходник Јован Павле Втори, кој правеше обиди за „Европа да ја открие повторно ослободителната сила на Христос и повторно да дише со двете белодробни крила“, притоа алудирајќи на православието и западните цркви.
Папата утре во Бугарија ќе зборува пред политичари и дипломати во Софија, а ќе има и средба со патријархот Неофит и членовите на Светиот синод на БПЦ. Попладнето тој ќе одржи миса на плоштадот во центарот на Софија. Во понеделник папата ќе посети бегалски камп, а потоа во малото гратче Раковски ќе даде Прва причест. Жителите на Раковски, кој се нарекува и „бугарска престолнина на католицизмот“, се исклучително возбудени.
Еве како тие се подготвуваат за посетата на папата: